За што зборуваше Обама 2009. vs. 2013.

Американците го ислушаа говорот на Обама, педантно го разгледаа и направија споредба кои му биле клучните зборови за време на инаугурацијата во 2009-та и таа во 2013-та.

Најчесто споменувани зборови во 2013-та се "слободни / слобода" и "народ", кој е исто така најспоменуваниот збор и во 2009-та.

Додека во 2009-та, имало 3 клучни зборови кои биле споменати само по еднаш (војна, права, закон), годинава само "војна" останала на ова ниво.

Доколку се спореди со последниот инаугурален говор на Буш, Обама 2 пати повеќе ги споменува "Господ" и "моќ", а 4 пати повеќе го споменува "народот"

Во споредба со првиот говор на Џорџ Вашингтон, Обама 5 пати го споменува "Господ" додека Вашингтон на инаугурацијата во 1789-та, ниту еднаш во својот говор го нема спомнато овој збор. Додека Обама 2 пати го кажува "должност", Вашингтон го споменува 5 пати. Обама го води Вашингтон и во "надеж", "моќ" и "мир". Ама па затоа Вашингтон никогаш го нема споменато и зборот "војна."

Инаку зборот "Господ" прв пат се појавува во претседателскиот говор, за време на инаугурацијата за вториот мандат на Џејмс Монро во 1821-ва.

За сите што сакаат споредби, тука

22 јануари 2013 - 10:31