За повеќе бизнис совети следете го дечково

Гостин влегува во хотел со 5 ѕвезди во главниот град на Индија и таму останува цели 603 дена. На утрото на 604 ден се пакува и си оди, без да остави ни пара за престојот до тогаш.

Хотелот е Росејт хаус во близина на меѓународниот аеродром во Делхи, а цехот што го прави извесен Анкуш Дута пред да си излезе во јануари 2021 е 71.000 долари.

Неплатената сметка е откриена само откако хотелот спроведува ревизија и открива дупка. Од хотелот се јавуваат во полиција и поднесуваат тужба против гостинот, менаџерот на рецепција и уште неколку вработени обвинети дека му помагале на Дута да избегне плаќање.

Индиските медиуми пишуваат дека обвинетите вработени во хотелот „наводно фалсификувале, бришеле и додавале голем број на ставки во сметката на наведениот гостин.“

23 јуни 2023 - 11:25