Во 1940 САД имаат вкупно 458.365 војници. Како што им станува јасно дека ќе влегуваат во Втора светска војна, во октомври истата година САД почнуваат мобилизација. Во 1941, пред нападот на Перл Харбор бројот на американски војници достигнува до 1,8 милиони.
Втората светска војна, во 1945, американските вооружени сили ја завршуваат со 12,2 милиони активни војници. Низ годините, овој број паѓа и најниската точка ја достигнува некаде пред Виетнамската војна од 2,47 милиони војници, по што почнува да расте.
Во 1973 во САД завршува задолжителното служење војска, кога вооружените сили бројат 2,25 милиони припадници. Бројката цело време се држи нешто над 2 милиони се до 1991 кога паѓа на 1,98.
За фискалната 2024, сите родови на американската војска, со исклучок на вселенските сили, не го исполниле планот за регрутирање за вкупно 41.000 нови регрути.