
Урсула фон дер Лејен информираше дека унгарската влада писмено била известена за намерата на комисијата. Нешто пред тоа, и европскиот комесар за буџетски прашања, Јоханес Хан најави дека Комисијата планира да ги забрза акциите против Унгарија.
На таа тема ќе има и дополнителни преписки а потребно е и квалификувано мнозинство во Европскиот совет па не се очекува ваквите санкции да стапат на сила до крајот на годината. ЕК ќе треба да докаже прецизни случаи во кои владеењето на правото било нарушено кога Унгарија евентуално злоупотребила европски фондови.
Но, во меѓувреме, Унгарија останува без краткорочните фондови.
Унгарскиот дел од европскиот план за закрепнување од ковид уште не е одобрен од Брисел и се чини дека 7,2 милијади евра во грантови и 9 милијади евра во позајмици на кои се надева владата во Будимпешта, нема да бидат реализирани во догледно време. На оваа тема ЕУ има планирано вкупно 750 милијарди евра.
Блиски кругови на Орбан сметаат дека Брисел греши кога ја следи реториката на левичарските партии.
„Оваа влада штотуку победи со мнозинство без преседан. Брисел ќе мора да ги почитува основните демократски принципи,“ изјави министерот Гергели Гулијаш.
Фондовско казнување на непослушни земји е непозната територија бидејќи ЕУ за првпат воведува ваков механизам.
Откако по разговорот со Путин, Орбан порача дека се подготвени рускиот гас да го плаќаат и со рубљи, Зеленски изјави дека тоа го смета за непријателски чин.