Удри по Германија!

Иако за Украина прави веројатно повеќе од сите други земји, Германија постојано е на мета на Киев кому те му е малку тоа што му доаѓа како помош, те му е доцна. „Уште поиритантно од безобразлукот на Киев е однесувањето на некои европски земји,“ пишува уредник во Дојче Веле.

Ред барања, ред навреди, ред, ред навреди - се чини дека ова е шемата што Украина ја користи во разговорите со и за Германија. Ова го вклучува, на пример, одбивањето на Киев да го прими германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер (види: Зеленски почна да ѝ се понаша на Германија).

Таа шема е многу успешна па нема ден Беерлин да не е ставен на столбот на срамот, пишува Марко Милер од Дочје Веле.

„Сосема непотребен спактакл, кој почнува да оди на нерви,“ вели тој и потсетува дека:

Прво, од руската анексија на Крим, Германија, заедно со САД е најголемиот донатор за Украина.

Второ, освен непосредните соседи на Украина, Германија е земја која прима најмногу бегалци од таму.

Трето, Германија е меѓу земјите која ѝ има дадено најмногу пари на Украина за купување оружје. 

„Па, мудро ли е кога владата во Киев постојано ја напаѓа германската влада и ја затрупува со нови, остро упатени барања? Кога Германија ќе испорача дел од бараното оружје, се вели добро е, ама треба повеќе. Кога Германија најавува промена на својата енергетска парадигма, тие велат, убаво од ваша страна, ама мора одма.“

Уште поиритантно од безобразлукот на Киев е однесувањето на некои европски земји кои не реагираат како што треба но се кријат зад Германија, вели тој.

Макрон во својата земја ја донесе Лигата на шампиони што првично требаше да се одржи во Русија но кога се работи за прифаќање бегалци, земјата не му е така решителна.

Италија вели дека би можела веднаш да престане да увезува руски гас, но само ако за тоа има единствено европско ембарго (а мисли на Германија).

Полска јавно и без никаква координација се залага за испорака на воени авиони на Украина, ама само преку американската воена база во Германија.

А на Унгарија пак, влакно од глава не ѝ фали а не се воопшто срамежливи во набавките на евтин руски гас кој, ако треба, го плаќаат и во рубљи.

Ваквиот раздор и префрлувањето на вината и одговорностите му оди во прилог само на Путин, заклучува уредникот на ДВ.

19 април 2022 - 15:23