Уредбата се вика "Одговорност за поранешни владини функционери за мешање во изборите и непрописно обелоденување чувствителни информации" и се наброени сите лица на кои им се одземаат безбедносните сертификати.
Меѓу нив е и поранешниот директор на национално разузнување, Џим Клапер, екс директорот на ЦИА, Џон Бренан како и поранешните в.д. директори на истата агенција, Џон Меклафлин и Мајкл Морел.
Тоа се луѓе кои во 2020 година потпишаа писмо дека содржините кои протекуваат од меиловите од лаптопот на Хантер Бајден ги содржат „сите класични обележја на руска оперативна акција“ со што започна повеќегодишната афера за наводна руска вмешаност во американските избори при што Трамп беше осомничен за линкови со Кремљ. Од тоа не бидна ништо ама истото со години беше централна тема на американската домашна политика.
Без оглед на тоа што повеќето од нив се пензионирани, потегот на Трамп не е само симболичен. Повеќето од нив никогаш вистински не се „пензионираа,“ туки ги задржаа сертификатите и врските со „доброинформирани кругови,“ гостуваа по CNN-и други влијателни медиуми и имаа моќ да ги обликуваат наративите со кои ќе се бави земјата.
Сите тие знаеа дека приказната со лаптопот е вистинска бидејќи ФБИ го поседуваше уште од 2019 година но бескрупулозно го користеа својот авторитет да ја убедуваат јавноста во лажна приказна.
Круговите околу Трамп веруваат дека тоа е само еден сегмент од целиот апарат кој делуваше од сенка и реално ја водеше политиката на САД, додека стариот Бајден едвај и да се сеќаваше дека е претседател.