Путин, кој бил престрашен од вирусот, ја прифатил пратката меѓутоа дал се од себе и по секоја цена спречил истото да има негативни политички последици за Трамп. Тој го предупредил Трамп да не ја открива оваа соработка со Москва, тврди во својата нова книга помошникот уредник на Вашингтон пост, Боб Вудворд.
„Не сакам никому да му кажеш за ова затоа што луѓето ќе ти се налутат на тебе, не на мене,“ порачал Путин.
Вудворд во својата книга тврди дека личната врска меѓу двајцата продолжила и во четирите години по заминувањето на Трамп од Белата куќа.
Наводно, на почетокот од 2024, Трамп побарал од советник да ја напушти неговата канцеларија во Мар-а-Лаго, затоа што требало да има приватен разговор со рускиот лидер.
Иако во книгата не е наведено за што разговарале двајцата, истиот неименуван советник тврди дека Трамп разговарал со Путин седум пати по напуштањето на Белата куќа во 2021.
81-годишниот Вудворд, инаку прославен како новинарот што ја откри Вотергејт аферата на Никсон, тврди дека:
„Трамп беше најневнимателниот и најимпулсивен претседател во американската историја и го покажува истиот карактер како претседателски кандидат во 2024.“
Книгата се вика „Војна“ и треба да биде пуштена во продажба на 15 октомври. Ова е четврта книга на Вудворд од победата на Трамп на претседателските избори во 2016.