Талибански сенс за реципроцитет

Кога се договорало повлекување од Авганистан а Американците најавиле дека можеби ќе остават 2.000 војници да ја чуваат нивната тамошна амбасада, талибанците немале ништо против, доколку и тие испратат 2.000 бомбаши самоубијци во нивната амбасада во Вашингтон.

Неодамнешен извештај на Медиумскиот истражувачки институт за Блискиот исток (МЕМРИ) обелоденува дека талибанците лани ѝ се заканиле на администрацијата на Бајден дека во Вашингтон ќе испратат батаљон од 2.000 бомбаши самоубијци.

Доколку се инсистира во американската амбасада во Кабул да бидат распоредени 2.000 војници, билатерално е фер и ние да распоредиме исто толкав број наши муџахедини во амбасадата во САД, гласела пораката на талибанците по што Американците се откажале од првичната идеја.

Иако по доаѓањето на власт, талибанците пробуваат да се претстават како умерени и реформирани, идејата за батаљон од бомбаши самоубијци не е за еднократна употреба. 

Забихула Муџахид, високо позициониран ветеран од војните најави дека се размислува ваков батаљон на маченици кои би сакале да учествуваат во самоубиствени акции да биде редовен дел од армиските сили на земјата.

 

10 јануари 2022 - 10:48