Слобода гледа, цензура вади

Државата не учествува во меѓународни договори и конвенции за човекови права, во земјата се засилуваат расистичките и ксенофобичните чувства, полицијата употребува прекумерна сила, гласачите ги губат своите права, се практикува смртната казна и цензура на интернет. Не, не е таа што ја мислите.

Сите овие ставки се од рускиот извештај за состојбата на човековите права во САД. Комплетно сите податоци во документот се базираат на извештаи на американски владини агенции или независни организации за човекови права.

Меѓународни договори
Од девет основни меѓународни договори и конвенции за човекови права, САД се потписници само на 3. Според податоците од УН, САД не учествуваат во 17 меѓународни инструменти кои се занимаваат со човекови права. Со ова Америка влегува во групата на држави кои ограничено учествуваат во меѓународните договори за човекови права.

Раст на екстремистички организации
Во САД постои тренд на засилување на расистичките и ксенофобичните чувства. Освен тоа, регистрирано е зголемување на бројот на кривични дела, направени на расна, верска и етничка нетрпеливост. Посебно се бележи раст на омразата кон исламот и анти-семитизам во рамките на Окупирај го Вол Стрит. Буџетот на организациите кои промовираат глобална муслиманска завера, годинава ја надминува границата од 50 милиони долари.

Полицијата
Само во 2010-та биле регистрирани 5.000 случаи на прекумерна употреба на сила од страна на полицијата, а само во 30% од овие случаи, полицајците биле изведени пред суд. Меѓу овие има и 618 случаи во кои полицајците биле вклучени во сексуални напади, малтретирање и силување.

Според податоците на Амнести Интернешнл од 2001-ва до 2012. најмалку 500 луѓе во САД починале заради употреба на електрични пиштоли.

Економски и социјални права
Во САД има 12,8 милиони невработени, 40 милиони се без здравствено осигурување а 14,5% од семејствата имаат недостаток на храна. Меѓу развиените земји САД има еден од најслабите земји за заштита на работничките права.

Цензура на интернетот
Американската администрација врши директен притисок на компаниите кои даваат веб услуги. Во 2011-та, Гугл добил 103% повеќе барања за отстранување на содржини, отколку во минатата година.

Смртна казна
Во 33 американски држави се уште се применува смртната казна. 3.100 затвореници (од кои 62 се жени) чекаат на извршување на смртната казна. Според активистите за човекови права 5 до 10 проценти од сите осуденици на смрт, страдаат од сериозни психички проблеми.

комплетниот извештај тука

14 ноември 2012 - 12:07