Оператор на приватни училишта раководи со градинка во Осака од 1950, истата оваа институција на децата им предава "алтернативна историја" за Втората светска војна, протежира обожување на Императорот, екстремен патриотизам и пред воено образование.
Абе и неговата сопруга, Акие, ја поддржуваат градинката.
Со години, раководителот на градинката сака да отвори големо основно училиште во оваа област ама не може да се договори за поволна цена на земјиштето. Раководителот во меѓувреме собира фондови за проектот, а во 2014 објавуваат дека тоа ќе го носи името на јапонскиот премиер.
На 9-ти февруари вториот по големина јапонски весник, Асахи Шимбун, инаку близок до премиерот Абе, објава дека училиштето добило дозвола за земјиште од јапонската влада под сомнителни околности. Под "сомнително" се мисли дека земјиштето кое вреди над 8 милиони долари е купено за дел од цената.
Моментално не е јасно како министерството за финансии, кое е одговорно за земјиштето ја утврдило големината на попустот, затоа што во меѓувреме исчезнале некои од клучните документи во досието.
Она што се знае е дека плацот од 8.770 метри на пазарот на недвижности чини 8,7 милиони долари, а според весникот тој во јуни 2016 е купен за 1,2 милиони долари.
Целиот случај почна да еволуира откако се дозна дека сопственикот е поврзан со администрацијата на Абе, по што почнаа да се шират гласини дека токму премиерот вршел притисок да се потпише договорот за продажба на земјиштето.
Во вака поставената Абе е двојно заглавен, прво е обвинет за корупција, а потоа и за тоа што поддржувал училиште што шири империјалистичко образование и расизам. Ова второво е посебно проблем имајќи предвид дека земјата е домаќин на Олимпијадата во 2020.