САД официјално од јуни на Украина и имаат испорачано 20 ХИМАРС системи и значителен арсенал на наведувани ракети со домет од 80 километри. На истите овие ХИМАРСИ пред испорака им била оневозможена опцијата да лансираат ракети со голем домет (од околу 300 километри) АТАЦМС, за Украинците да не свртат некој проектил накај руска територија, што ќе може да се толкува како директно вмешување на САД во војната и преминување на некои црвени линии договорени со Русија.
Токму АТАЦМС проектилите се една од најголемите неостварени желби на Украинците, кои САД отворено им кажува дека нема да им ги испорача. Со модификациите, на Украинците им се фаќа исто дури и да успеат да набават АТАЦМС од надвор од САД.
Веста што ја објавува Вол стрит журнал доаѓа во исто време кога Украинците успеаа со дронови да нападнат два руски воени аеродроми длабоко во руска територија. За сега нема докази дека САД го имаат обезбедено оружјето искористено во нападот.