Украински функционери за Вашингтон пост тврдат дека тие речиси никогаш не лансираат ХИМАРС ракети без да имаат детални координати испратени од американски воен персонал стациониран во Европа.
Американската армија, тајно, без знаење на Украинците, ги модификувала ХИМАРС ракетните системи што ги испраќа во Украина за истите да не можат да бидат употребени за лансирање ракети со голем домет кои би стигнале до Русија.
Залихите на САД со ракети за ХИМАРС системите се неколку десетици илјади, меѓутоа проблемот е што Украина ги троши ракетите како сите овие да се за нив.