С-500 „Прометеј“ ќе гаѓа во вселена

Прометеј треба да биде апгрејдот на С-400 рускиот одбранбен систем, кој до сега му направи повеќе проблеми на Западот на дипломатско отколку на бојно поле. И како за нова верзија, тој ќе биде значително унапреден. Барем според Русите.

Изјавата е од заменик директорот на ВКО Алмаз-Антеј, Сергеј Друзин, најголемиот производител на воена технологија за руската армија. Освен што С-500 ќе може да ги собори „сите видови на балистички ракети“, неговите ракети ќе можат да дејствуваат и вон атмосферата на земјата „каде контролата на аеродинамиката е невозможна“.

Следната генерација, или барем нејзиниот прототип, се очекува да биде испорачан во 2020, а првата група на руски офицери веќе ја имаат почнато обуката.

Руските медиуми објавуваат дека дометот на кој С-500 ќе може да ги пресретнува проектилите ќе биде 600 километри, и дека ќе може да достигне висина од 60 километри. (Ова е еден од спорните моменти, бидејќи се уште трае долгодишната дебата од каде и на која висина започнува вселената.)

Уште по објавата на првите спецификации на системот, американските одбранбени експерти почнаа да пресметуваат дали тој ќе претставува закана за нивните сателити и дали ќе може да ги соборува. Исто така тој се смета за нова закана за стелт авионите на САД како Ф-22, Ф-35 и бомбардерот Б-2.

Паралелно со 500-ката, се очекува и пуштањето на С-350, земја-воздух одбранбен систем со среден домет, кој истовремено може да пресретне 16 воздушни или 12 балистички мети, на оддалеченост од 60 километри.

18 јули 2019 - 13:11