Уште при падот руската страна тврдеше дека авионот во кој имало 65 украински затвореници бил соборен од украинската војска. Киев побара меѓународна истрага за ова.
До сега украинското воено разузнавање нема потврдено дали во авионот имало воени затвореници, ниту коментирале што би можело да ја предизвика несреќата. Подоцна Украинска Правда објави дека според нејзини извори во украинската војска авионот бил товарен со С-300 ракети.
И американските извори кои потврдуваат за Њујорк тајмс дека ИЛ-76 бил соборен со Патриот ракети, не потврдиле кој или што било во авионот.
Откако Русија објави дека 65 украински воени затвореници загинале во падот на авионот, Украина побарала од Русија да ги врати телата на загинатите. Од руска страна не било одговорено на барањето.
Американските функционери објаснуваат дека Украина најверојатно работела со слаби разузнавачки информации бидејќи авионот претходно бил користен за транспорт на ракети, заради што претставувал добра мета за војската.