Русите во Украина се борат против лабораториски мутанти?

Кога на Русија и се случуваат порази на фронтот во Украина тоа е затоа што од украинска страна се борат војници мутанти создадени во тајните украински биолошки лаборатории. Ете прашајте ги руските парламентарци.

Тврдењата што ги пренесува Дејли бист се на Константин Ковалчев, заменикот спикер на Советот на Федерацијата, и Ирина Јароваја, заменик претседател на Думата, кои ова го базираат на заклучоци од „истрага“ спроведена во Украина.

Тие тврдат дека со тестирање на крвта на украинските воени заробеници, се откриени „опсег на болести“ кои покажуваат дека на нив било тајно експериментирано за „воени цели“.

„И тоа го гледаме: суровоста и варварството со кое се однесуваат украинските војници, злосторствата што ги вршат врз цивилното население, монструозните злосторства што ги вршат врз воените затвореници, потврдуваат дека овој систем за контрола и создавање на сурова машинерија за убивање е имплементирана под менаџмент на САД.

А ова го потврдува и тоа што се уште им се даваат стероиди за целосно да се неутрализираат и последните траги од човекова свест и да се претворат во најсурови и смртоносни чудовишта,“ изјавува Јароваја.

Истрагата и извештајот од нејзе се надополнување на тврдењата за американските биолошки лаборатории, кои излегоа дека навистина постојат и работеле, ама не се потврди што, кои се појавија на почетокот од војната.

20 јули 2022 - 10:50