Русите извадиле над 1 милијарда долари од банките за еден ден бунт на Вагнер

100 милијарди рубљи или околу 1,1 милијарда долари, биле повлечени од руските банки во периодот пред и по 20-те часа марш на Вагнер кон Москва, објави руската централна банка.

Се работи за најголемата побарувачка на пари од есента 2022 кога Русија објави дополнителна воена мобилизација, која исто така предизвика паника и започна бран на имиграција од земјата.

Од Централната банка порачуваат дека вадењето пари не ја нарушило монетарната политика на земјата но и дека тоа ќе биде земено предвид во одлучување на идното работење со комерцијалните банки.

Бунтот на Вагнер истовремено ја сруши рубљата на најниско ниво во последните 15 месеци.

Кризата со Пригожин исто така предизвика и масовна распродажба на летовите од Москва.

13 јули 2023 - 10:07