Дури и по пуштањето на американската помош Украина и понатаму ја нема муницијата за да парира на 10.000 артилериски гранати на ден што ги истрелува руската страна. Процената на САД е дека украинските сили имаат капацитет да се одбранат, ама нема да можат да започнат голема офанзива барем уште шест месеци.
Од друга страна Русија држи до својата стратегија за истоштување на Украинците и ќе може да ја одржи бафер зоната што ја освоија нејзините војници, ама нема доволно сила за да започне со подлабоко напредување на украинска територија.
Во извештајот Американците ги пофалиле Украинците за успешната употреба на АТАЦМС ракетите, кои освен претходно објавените напади на руски склад со муниција и паркирани хеликоптери, биле искористени и за потопување на корвета во Севастопол и уништување на неколку С-400 ракетни системи.
Наводно заради нападите со АТАЦМС Русите морале противвоздушната одбрана на Крим да ја засилат со С-500ки.