Внатрешните борби се вонредно жестоки и затоа што ова се смета за клучен момент за редефинирање на Демократската партија и правецот по кој таа ќе се движи во иднина, откако старата елита несомнено е на заминување, што заради години, што идеолошки.
До сега „најгласно“ беше писмото од Берни Сандерс кој ја обвини партијата дека ја напуштила работничката класа, порачувајќи „дали интересите на богаташите и добро платените консултанти кои ја контролираат Демократската партија ќе научат некоја вистинска лекција од катастрофалната кампања?... Веројатно не.“
Во сличен правец со ветеранот на партијата оди и критиката на неколку други прогресивни членови на конгресот од Демократската партија.
Умерените членови порачуваат дека партијата мора „да престане да и угодува на базата и да почне да слуша што вели народот... на луѓето им е смачено од екстремизам.“
Последната на надеж на овие избори за демократите е дека некако ќе успеат да го освојат Претставничкиот дом, за кој и по една недела од гласањето нема конечни резултати кој го освоил. Моментално, понеделник, Републиканците имаат освоено 214 места, а Демократите, 203. За мнозинство треба 218.
Друг правец на обвинувања е дека за поразот не е виновна идеологијата на партијата, туку раководството. Дека претседателот на ДНЦ, Џејми Харисон и Чак Шумер, не се иднината на партијата, како и тоа дека иако Харис е виновна во добар дел виновна за поразот, тие не се сигурни дека и Бајден би минал нешто подобро.
Сосема посебна битка во партијата е како таа треба да се справи со Трамп. Една препорака е досегашниот пристап да се рекалибрира и да се бираат битките, а не да се урла на секој потег.
„Демократите буквално само го напаѓаа секој негов потег. Никогаш за ништо не се согласувавме, никогаш за ништо не му дававме кредит, никогаш не рековме 'всушност обезбедувањето на границата е добра идеја, само не се согласувам со начинот на кој тоа се прави',“ пренесува Аксиос изјава на анонимен конгресмен од демократите.