Победата на Трамп им донесе 64 милијарди долари на 10-те најбогати

Богатствата на десетте најбогати луѓе на светот пораснаа за рекордна дневна сума откако американските берзи збеснаа по победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД.

Најголем ќар, и процентуално и во вкупна сума на пари, има Илон Маск кој во еден ден е плус 10,1% од своето богатство или некои 26,5 милијарди долари. На второ и трето место, во проценти, се Лари Елисон и Ворен Бафет со по 5,4%.

Ќарот главно се должи на скокот на берзите по победата на Трамп, по што вчера С&П 500 индексот порасна за 2,5% што е најдобар пост-изборен резултат на берзите во историјата.

Иако не се меѓу најбогатите луѓе на светот, други богаташи што добро поминаа вчера се првиот човек на крипто-менувачницата Коинбејс, Брајан Армстронг, чие богатство по победата на Трамп се зголеми за 30% на 11 милијарди долари и основачот на Бинанс, Чангпенг Жао, кој е во плус за 12,1 милијарда, издигнувајќи го своето богатство на 52,7 милијарди долари.

7 ноември 2024 - 14:26