Минатата година првиот снег на Фуџи падна на 5 октомври. Карактеристично за годинава е и што Јапонија го забележа најтоплото лето до сега со температури во јули и август од 1,76 степени над просекот. По ова и септември беше потопол од очекуваното, вклучително и во северните краишта на Јапонија.
Јапонското метеоролошко друштво регистрираше 1.500 области кои имаа „екстремно топли“ денови, во кои температурата во септември надмина 35 степени целзиусови.
Податоците се собираат од 1894. Претходниот рекорд е од 1955 и 2016, кога првиот снег паѓа на 26 октомври.
Планината Фуџи е висока 3.776 метри.