Плаќајте и не се правете Енглези

Бројот на луѓе во Англија која мака мачат да ги платат месечните сметки и рати, за краток период се има зголемено за 40%. И не им текнува на што се должи тоа и како може да се прекине. Важно Борис Џонсон на времето брзо одлета во Истамбул за да спречи мировен договор меѓу Украина и Русија.

Бројот на возрасни граѓани на Англија кои се мачат  да ги платат своите сметки и долгови се искачи на речиси 11 милиони луѓе.

Тоа е околу 3,1 милион повеќе отколку лани во ова време. Нивната Управа за финансии открива дека 11% од возрасните пропуштиле сметка или плаќање заем во баре три од претходните шест месеци.

Главен притисок врз личните финансии прават зголемените цени на енергијата, храната и горивата. Се забележува намалување или откажување на  полисите за осигурување како начин да се намали притисокот врз домашните буџети.

Последните истражувања покажуваат дека околу половина возрасни во Обединетото кралство (28,4 милиони луѓе) се чувствуваат повеќе вознемирени и под стрес околу трошоците за живот отколку пред половина година.

26 мај 2023 - 12:34