
Кога во обид да ги критикува западните замешателства во Авганистан, папата рече дека ќе се послужи со мисла од Ангела Меркел, не можеше повеќе да погреши.
Прашан за новата политичка мапа во Авганистан по повлекувањето на Америка и нејзините сојузници од таму, во интервју за едно шпанско радио рече дека ќе одговори со цитат на германската канцеларка „една од најголемите политички фигури на светот“.
„Неопходно е да престане неодговорната политика на натурање на сопствените (западни) вредности на други и обидите да се гради демократија во други земји базирана на модели однадвор, без да се земат предвид историските, етничките и религиозните особености, комплетно игнорирајќи ги традициите на тие луѓе.“
Добар цитат, само што не е на Меркел туку на Путин, забележува Политико