
Папата Франциско јавно се извини за улогата на Католичката црква во „злото“ што го претрпеа генерации домородни деца во канадските резиденцијални училишта.
„Дојдов во вашите родни краишта лично да ви ја искажам мојата тага, да се молам за Божја прошка, исцелување и помирување“.
Поглаварот на римокатоличката црква рече дека неговата посета на Канада е „посета на покајание“.
„Барам прошка, особено за начините на кои многу членови на црквата и на верските заедници соработувале, не само преку нивната рамнодушност, во проектите на културно уништување и присилна асимилација промовирани од тогашните влади“, рече Франциско.
Последнава година беа откриени стотици необележани гробови на терените на некогашните резиденцијални училишта за домородни деца.
Оод 1883 до 1996 година околу 150.000 деца биле принудени да се „асимилираат“ во белото канадско општество со посетување на таквите училишта.
Канадската комисија за вистина и помирување ја опиша таквата образовна шема како ништо помалку од „културен геноцид“.
Толку за дебилите кои тврдат дека никакви договори со Бугарија или Грција, макар тие биле очигледно капитулантски и понижувачки, не можат да работат во правец на асимилација на Македонците.