Се работи за кревање на постојната граница која беше од 18 до 24 години, а регистрирањето не беше автоматско па неговото евентуално избегнување беше казниво со закон. САД повеќе од половина век немаат повикано на мобилизација.
Како што објаснуваат предлагачите за младите да не завршуваат непотребно на суд, законот предвидува автоматизирање на целиот процес и одредени функционални промени кои ќе му овозможат на Пентагон да има подобар преглед кој сè се има регистрирано и кој допрва треба да се регистрира.
Измената е изгласана како дел од поопширен закон за воено трошење, кој го вклучува и најголемото покачување на плати во историјата од 19,5% за пониските рангови.
Следно, законот во оваа форма треба да мине во Сенатот, каде демократското мнозинство има проблем со тоа што во него се скратени парите предвидени за абортус, трансродова здравствена заштита и поголема разноликост во американската војска.