Потврдата за успешноста на УВ зраците во уништувањето на САРС-КоВ-2 вирусот доаѓа од Универзитетот Колумбија и за сега ова ќе биде пилот програма. Доколку даде резултати чистењето ќе биде редовно практикувано и во иднина, и воведно како стандарден дел од функционирањето на јавниот превоз.
Со „блицовите“ ќе бидат опфатени автобусите и метро вагоните во Њујорк, а целата операција може да се изведува само кога тие се празни.
Токму тоа е и слабата страна на ова решение, бидејќи дури и превозот во 5 часот наутро да се пушти во оптек комплетно дезинфициран, тоа нема да трае ни до првиот утрински бран на патници, па превозот ќе го шета вирусот со себе до крајот на денот, или кога и да е закажано следното чистење.
Њујорк ќе потроши околу 1 милион долари за набавување на 150 лампи за чистење со УВ зраци.