НФЛ со дронови и роботи ќе дезинфицира стадиони

Меѓу опциите кои веќе се во оптек се дронови кои ќе ги дезинфицираат трибините и другите делови од стадионите, и роботи што со УВ-зраци ќе минуваат делови од стадионите.

НФЛ е решена да врати публика на трибини без разлика на трошоците и без разлика на неодамнешниот скок на бројот на заразени. Меѓу првите ќе бидат тимовите Атланта Фалконс и Каролина Пантерс.

Фалконс планираат да ги користат дроновите кои треба да ги дезинфицираат седиштата, ракофатите и стаклените делови од стадионот. Користењето на дронови во оваа намена го намалува времето за чистење за 95% и е 14 пати поефикасно отколку обични моторни пумпи за на грб.

Овие вторите, Каролина Пантерс, ги користат роботите на Ксенекс дизинфекшн, кои ја минуваат површината со УВ-зраци што го оштетува ДНК-то на вирусот и го прави инертен. Во овој случај дезинфекцијата ќе биде само за соблекувалните, вежбалните, канцелариите и деловите за рехабилитација, но не и на трибините. Причина за ова е што овие уреди обично се користат за дезинфекција на болнички соби и имаат ограничен опсег.

Иако сето ова звучи напредно и дека клубовите се проактивни во заштита на публиката, од американскиот Центар за контрола на болести објаснуваат дека пренесувањето од заразени површини игра мала улога во ширењето на коронавирусот. Докторите веруваат дека е многу поверојатно да го фатиш од капки од некој што кашла или кива (или плука дур збори).

2 октомври 2020 - 12:58