Терористички напад во Ница

84 мртви откако камион удира во толпа во Ница

За време на прославата на националниот празник на Франција се случи масакр откако камион влета во луѓето кои го прославуваа Денот на Бастилја на шеталиштето во Ница.

Според сведоците не се работи за случајна несреќа, туку возачот на камионот намерно влетал во шеталиштето и повеќе од 1,5 километар возел со брзина од околу 50 км/ч.

Асошиејтед прес го пренесува сведоштвото на извесен Васим Булел, според кој откако камионот се забил во толпата, возачот извадил оружје и почнал да пука. Сведоците тврдат дека возачот намерно возел цик-цак за да собере што е можно повеќе луѓе. Возачот бил убиен во престрелката со полицијата, а во кабината било најдено дополнително оружје и гранати.

Француската телевизиска станица  БФМ и локалните весници објавуваат дека возачот е 31-годишник со туниски и француски пасош, кој бил жител на Ница.

Француските власти објавуваат дека се убиени 84 луѓе а 18 се во критична состојба. Возилото било бел камион со една приколка. Иако за сега никој не ја презема одговорноста за нападот, според порталот TRACTerrorism.org, профили на Телеграм поврзани со ИСИС вечерва објавувале фотографии од Ница.

виа

Чисто за подобра перспектива, напад во Франција на 14-ти јули е подеднакво симболичен како напад во САД на 4-ти јули.

Видео стрим во живо од Скај њуз:

виа Скај њуз

 

 

15 јули 2016 - 02:28