Во 2010 Кенеди доживува сериозни проблеми со паметење и општо со размислување. За ова консултира невролози од Њујорк кои по прегледување на неговите снимки му објаснуваат дека здравствените проблеми може да му се предизвикани од „црв кој влегол во неговиот мозок, изел дел од него и потоа умрел таму.“
Во тоа време на Кенеди му се случува и труење со жива која може да доведе до невролошки проблеми како слабост во мускулите и проблеми со движење, слух и говор.
Веста ја објавува Њујорк тајмс повикувајќи се на документите од разводот на Кенеди од тогашната сопруга Мери Ричардсон. Кенеди во разговорот со Тајмс тврди дека за проблемот со црвот во мозокот немало потреба да се реагира ниту да се третира.
Згора на ова Кенеди со години има проблеми со нерегуларно чукање на срцето, која според него му престанала пред повеќе од една деценија.
Од кампањата на Кенеди објаснуваат дека тој има долга историја на патување и работа во Африка, Јужна Америка и Азија, како дел од неговиот активизам за заштита на животната средина, и најверојатно се заразил со паразитот за време на некое од овие патувања.
Во неговиот прв коментар по објавувањето на веста, Кенеди на социјалните мрежи напиша дека е подготвен „да изеде уште 5 мозочни црви и пак ќе ги победи Трамп и Бајден во дебата.“