Мирната старост на психопатот од Австрија

Гадот Јозеф Фрицл кој ја држеше својата ќерка заклучена во подрум цели 24 години и во инцестоидна врска со неа имаше седум деца, годинава би можел да излезе од строго чуваниот затвор и да заврши во дом за грижа на стари лица. И тоа не е сè. Согласно законот, оваа година тој има и право да бара помилување.

Во 2009-та година Јозеф Фрицл беше осуден на доживотен затвор во случај кој го шокираше целиот свет. Денес има 88 години, во меѓувреме го смени презимето и сега е Јозеф Мајрхоф.

Сиве овие години тој го мина во строго чуван затвор за ментално пореметени осуденици во градот Кремс на Дунав, но судот би можел да ја промени неговата локација после психијатрискиот извештај дека тој со својата деменција веќе не претставува ризик по јавната безбедност.

Би можел да биде префрлен во регуларен затвор или во дом за  грижа на стари лица.

Во Австрија, сите кои се осудени на доживотен затвор, имаат право да бараат помилување после одлежани 15 години. За Јозеф, тоа е годинава.

И во 2022 година локалниот суд оцени дека тој веќе не претставува опасност но таквата одлука беше блокирана од повисок регионален суд.

Случајот Фрицл се обелодени во 2008-ма во градот Амстетен во кој „мирниот комшија“ Јозеф со децении ја држел заклучена во подрум својата ќерка, ја силувал, со неа направил куп деца а едно дете починало од запуштеност.

Ќерката Елизабета (родена 1966-та) и децата сега живеат на непозната локација со сменети идентитети.

 

16 јануари 2024 - 11:05