Мандатот на Диаз трае до 2013, кога умира Чавез. Неговиот наследник, Мадуро, ја менува од позицијата и таа бега во Шпанија, но најголемиот дел од парите веќе и се пренесени во Мајами. Во 2018 на барање на САД, Шпанците ја апсат и екстрадираат Диаз.
Во Мајами таа деновиве е осудена заедно со нејзиниот сопруг, инаку шеф на обезбедувањето на Чавез, за примање мито и перење пари.
Обвинението е дека двајцата имаат добиено мито во износ од 100 милиони долари од медиумскиот могул Раул Горин, кој за возврат бил избиран за спроведување на најразлични договори и тендери на владата во Каракас.
Парите на брачниот пар им биле префрлани преку офшор компании, швајцарски сметки, сметки во јужна Флорида, две јахти и три авиони кои му биле дадени на парот за користење, плус Горин им плаќал најразлични сметки и луксузирања.
Главното сведоштво на Диаз доаѓа од нејзиниот претходник во државната благајна, Алеандро Андраде, исто така поранешен припадник на обезбедувањето на Чавез, кој САД го осуди на 10 години затвор заради учество во шема за перење пари во вредност од 1 милијарда долари.
Шемата што тој ја почнува а Диаз ја продолжува се базира на строгата контрола на венецуелската валута воведена од Чавез. Андраде ја користи позицијата за да им овозможи на своите соработници (меѓу кои и Горин) да купат американски долари од државната благајна по понизок курс и потоа истите да ги препродадат на црн пазар за огромен профит.
Андраде е и човекот кој ги запознава Горин и Диаз, кога таа доаѓа во Благајната, и и го предлага договорот што го има со бизнисменот. Диаз прифаќа, па од целиот профит од доларите, половина оди кај нејзе, а другата половина ја делат Андраде и Горин.
Диаз и нејзиниот сопруг ќе лежат најмалку 20 години затвор.