
Паниката е дека ќе им се повтори дебаклот од пред една деценија кога европската индустрија за соларна опрема крахираше пред напливот на евтин увоз од Кина. Сега ЕУ гледа ова да не се случи и со автомобилската индустрија, меѓу останатите. Намерата на ЕУ е да извади „рамноправно поле“ за трговија со Кина, а не да влезе во отворен судир со Кина каков што имаат САД.
Меѓу активностите на Унијата е започнување истрага околу кинеските субвенции на електрични возила. Вакво нешто потенцијално би ја скарало ЕУ и со САД бидејќи е откриено дека и Тесла е една од компаниите што имаат добиено кинески субвенции.
Освен што кинескиот вицепремиер Хе Лифенг „изразил силна загриженост и незадоволство“ околу истрагата, стравот е дека таа би можела да доведе до воведување нови тарифи и „масовни промени во европското носење политики кои би ги ставиле на страна принципите за слободна трговија и отворени пазари како најдобар начин за одбрана на економските интереси на континентот.“
Процената на Блумберг е дека секоја провокација за Кина е сериозно коцкање за Унијата која уште се мачи да излезе од енергетската криза и е сред најлошата инфлација во историјата на еврото. Плус, тешко е да се предвидат потенцијалните кинески тарифи и нивниот потенцијал да опфатат некои од најголемите компании на Унијата, вклучително и производителите на луксузни производи за кои Кина е најважниот пазар.
Стравот е дека иако е најлогично Кина да возврати со тарифи на идентични производи, пример германски возила, не е гарантирано дека нема да ја прошири листата.
„Според пресметки на Алианз трејд, ако ЕУ воведе 1% раст на тарифите, вкупните загуби за Кина би биле околу 8,4 милијарди долари. Иако тоа е голема сум, таа изнесува само 0,2% од кинескиот извоз, споредено со 1,5 од ЕУ увозот.
Зависноста од кинески производи би можела да се претвори во асиметричен инфлациски шок, бидејќи Европа би морала да прифати повисоки цени за клучни материјали, додека Кина би можела повеќе да го покрие своите потреби или да се сврти кон другите пазари за да ги замени европските производи,“ пишува Блумберг.