Луѓе што одбиваат носење маски, нов фетиш на американската публика

Трендот започна во обид јавно да се посрамат луѓето што без маски влегуваат во продавници и општо не ги почитуваат насоките за заштита од ковид-19. Меѓутоа освен привремен сеир, ништо од ова немаше никаков опиплив резултат.

Стандардно матни, снимани од случаен минувач, со исклучоци на личните сведоштва за борбата против тиранијата на носење маски, пораката на главните јунаци на видеата е дека „маските не се неопходни, а тие имаат право флагрантно да ги нарушуваат советите и насоките за заштита на јавното здравје“.

Овој став го држат наспроти сите препораки што доаѓаат од секој можен здравствен авторитет на планетава од американски локални како ЦДЦ, до глобални како СЗО. (На сите овие апели многу не им беше од помош првичната лага околу немањето потреба од маски што ја ширеа здравствените работници во обид да ги зачуваат резервите од заштитни маски за своите колеги.)

Но како што забележува Вокс „излезе дека без разлика колку е пријатно да гледаш како некој е укорен заради своето лошо однесување, самите видеа не се така ефикасна алатка за промена на ставот што луѓе го имаат кон јавното здравје.“


 


 
10 јули 2020 - 12:04