На листата на владината "Terrorist Screening Database" има вкупно 680.000 лица.
Од нив, преку 280.000 се категоризирани како луѓе кои не се поврзани со терористичка групација. Бројката на ваквите е поголема од оние со линкови кон Ал Каеда, Хамас и Хезболах, заедно!
Големината на оваа датабаза сериозно е зголемена за време на владеењето на Барак Обама. Бројот на лица кои се нашле на no fly листата е десеткратно зголемен и моментално на неа се наоѓаат околу 47.000 луѓе.
Секој ден на вкупната листа сомнителни се додаваат по 900 нови ставки; се работи или за нови имиња или за апдeјтирање податоци zа постоечките.
Втора најголема концентрација на луѓе оценети од надлежните како "познати или осомничени терористи" има во Диарборн, Мичиген, град од 96.000 луѓе во кој има најголем процент граѓани со арапско потекло во цела држава.
Поранешен експерт на ФБИ вели дека системот излегува од контрола.
"Кога сè е тероризам, тогаш ништо не е тероризам', оценува Дејвид Гомез, поранашен агент на Бирото.