На ова претходеа повеќе вести дека наводниот суперхерој пилот, кој според митот е 29 годишен татко, бил соборен од руските сили.
На Духот му беа препишани околу 40 соборени руски авиони, а лондонски Тајмс објави дека херојот е мајор Степан Тарабалка кој загина во март.
„Духот на Киев е суперхерој-легенда, чиј карактер е создаден од Украинците.
Херојот на Украина Степан Тарабалка не е Духот на Киев и тој нема соборено 40 авиони,“ изјавуваат од командата на украинската воена авијација појаснувајќи дека прекарот се однесува колективно на сите украински воени пилоти.
Иако првично активно го ширеа митот за Духот, подоцна украинската команда почна да се повлекува од приказната откако во повеќе наврати беше забележано дека авионот со кој лета пилотот (МИГ-29) не поседува толку муниција за да ги изврши нападите што му се припишуваат.