
Математиката е дека намалувањето на температурата за еден степен, во рок од една година ќе заштеди 10 милијарди кубни метри гас, што не е премногу само по себе но пак ќе придонесе кон другите мерки за намалување на увозот од 155 милијарди кубни метри гас од Русија.
Советот доаѓа од Меѓународната агенција за енергија, која предлага Европа да воведе еднократен данок за компаниите што продаваат фосилни горива и парите да ги искористат за покривање на дел од сметките на граѓаните.
Планот од 10 точки предложен од МАЕ, предвидува намалување на увозот на руски гас за една третина до почетокот на следната зима.
Освен ова на списокот е одложување на затворањето на неколку нуклеарни електрани, кратење на процедурата за градење на ветерници и соларна енергија, и ургентно засилување на напорите за зголемување на енергетската ефикасност, како на домовите така и на компаниите.