Владата на Олаф Шолц не планира во 2025 година за Украина да отидат повеќе од четри милијарди евра. За да се компензира кусокот, се ветува создавање нова финансиска алатка во рамките на Г7 и ЕУ за користење на парите кои се генерираат од замрзнатите средства на Руската федерација.
Германскиот буџет за 2025 година беше предмет на тешки коалициски преговори и натегања меѓу владините партнери од СДП (Шолц), Либералите (Линднер) и Зелените. Линднер инсистираше на ограничување на помошта заради држење до рамката колку земјата треба да биде задолжена.
Украинскиот амбасадор во Германија, Олексиј Макејев преку Икс порача дека „безбедноста на Европа зависи од германската политичка волја да ја поддржува Украина.“
Запад по светов има замрзнато околу 300 милијарди долари руски средства со кои планира во иднина да ја финансира војната против нив.