Изборите кои требаше да се одржат за 5 месеци се презакажаа за во јануари 2025, откако се распадна владата на Олаф Шолц.
Во одржувањето на предвремените избори се сомнева претседателката на германската изборна комисија, Рут Бренд, која за германските медиуми изјави дека „во денешниот свет е голем проблем да се купи хартија и да се завршат нарачките за печатење.“
Таа е и против одржување избори кратко по божиќните празници и чисто заради логистички и организациски причини, како за партиите, така и за изборната комисија, посебно што тие ќе бидат по повеќе неработни денови заради празниците.
Од опозициската ЦДУ, порачуваат „мора да бидеме внимателни и да не излеземе смешни пред светот со дебата на ова ниво,“ и дека „држава како Германија мора да е подготвена да одржи избори во рок од 60 дена.“ Од таму потсетуваат дека Франција летоска одржа избори за само 3 недели.
Шолц минатата недела изјави дека ќе распише нови избори веднаш штом низ парламентот ги мине нератификуваните закони што чекаат на список. Наводно тој се согласил на предвремени избори само доколку добие поддршка од опозицијата за изгласување на законите кои биле во процедура пред да го изгуби мнозинството.
Првично изборите требаше да се одржат на крајот од март. Во Германија на минатите избори на избирачките списоци имаше 61,1 милион гласачи.