
Облакот се раширил низ целиот регион, а делови од него можеле да се почувствуваат и преку каналот, во Лондон. Гасот кој е испуштен е безопасен и се користи како додаток кој му дава миризба на природниот гас. Иако не е токсичен, гасот е лесно запалив кога е во висока концентрација.
Од фабриката Лубризол, изјавиле дека се уште не е затната дупката од каде што излегува гасот, како и тоа дека се уште не знаат која е причината за хаваријата.
Заради гасот е откажан натпреварот од францускиот куп, меѓу Руен и Олимпик Марсеј, а голем број жители на градот се жалат дека гасот предизвикал мигрена, иритација и гадење.