Фаучи бил бизарно фиксиран на својата слава

Неколку дена пред доктор Ентони Фаучи да мора да сведочи пред Сенатот (одби доброволно да го стори тоа), неговиот жесток критичар, републиканскиот сенатор Ренд Пол ги направи јавно достапни неговите дневнички белешки од времето на пандемијата. Дента кога Америка забележа рекорден број случаи, Фаучи забележал дека бил поканет во „Танц со ѕвездите.“

Новообјавените дневнички записи на доктор Ентони Фаучи откриваат дека како што се зголемувале смртните случаи од ковид низ целиот свет, тој станувал сè пофиксиран на својата новооткриена слава.

Дневниците ја прикажуваат секојдневната улога на Фаучи за време на кризата, преку разговори со Доналд Трамп, гувернери и светски лидери, појавувања во медиумите и неговите лични опсервации додека траеше пандемијата.

Во нив забележлива е растечката свест на Фаучи за неговиот јавен профил, иако на планетата беснее вирус кој на крајот одзеде 7 милиони пријавени животи.

„Нема да претерам ако кажам дека јас сум најпопуларната личност за која најмногу се зборува во земјата“, ќе запише советникот на Белата куќа и главен архитект на тогашните здравствени политики.

Ќе забележи и дека Трамп „се чини дека е заљубен во мене иако го одземам вниманието од него“, и дека двајцата развиваат „многу уникатна и интересна врска“. Фаучи наоѓа за потребно да се потсети и дека агентите на Тајната служба толку се запознале со него што го пуштале во Белата куќа без да покаже легитимација.

Дента кога во САД се регистрираат рекордни 40.000 случаи на ковид во еден ден, Фаучи во дневникот запишува дека бил поканет да учествува во шоуто „Танц со ѕвездите.“

Подоцна почнува да се фрустрира од  Белата куќа, особено кога почнуваат да му ги кратат појавувањата во големите телевизиски програми и што медиумското известување сè повеќе го прикажува како спротивност на Трамп.

Ќе биде интересен дуелот Фаули- Ренд Пол кој почнува на 29 јули.

 

 

26 јули 2026 - 19:15