Тој историски го објаснува својот став дека денеска имаме ист развој на настаните како пред дваесетина години "кога ЕУ почна да цвета во време кога поранешниот Советски сојуз почна да се распаѓа."
Во изјавата што ја пренесува Ројтерс, Сорос порачал "дека денес повеќе од кога и да е, судбината на ЕУ зависи од иднината на Украина," ова тој го дополнува со обвинување до Западот дека не прават ништо околу помагањето на Киев на кого му се заканува економски колапс.
Сличен колапс на ЕУ Сорос предвиде и минатиот јануари, тогаш по основа на мигрантска криза и недостаток на квалитетно раководство. Во разговор со Блумберг, Сорос порача дека "ако ЕУ сака да опстане ќе мора итно да најде силни и одлучни лидери и помош од надвор, вклучувајќи ја и Русија."