
Откако Доналд Трамп во третиот месец од својот мандат го прогласи „Денот на ослободувањето“ Форбс анкетирал 50 милијардери, инвеститори, менаџери на средства и советници од Вол стрит да ја вреднуваат нивната поддршка за економските стратегии на претседателот.
Тешкашите реагирале исто како и берзите, со недоверба. Дури 72% се изјасниле дека економскиот план на Трамп е неефикасен, а 66% не ја поддржуваат неговата економска политика.
Една третина од оние што до пред една недела имале доверба во економската политика на претседателот повеќе не ја поддржуваат. Мнозинството од нив (54%) тврдат дека Трамп нема да успее да го спроведе својот план.
На прашањата за специфичните пристапи на Трамп, дури 27 инвеститори го рангирале воведувањето на тарифите со најниска оцена 1. Просечната оценка за тарифите е 1,86. За потезите на берзата, Трамп добил 1,96, а со 2,10 биле оценети неговите извршни наредби насочени кон адвокатските фирми.
Со двојка се оценети и политиките за криптовалутите (2,0) и за инфлацијата (2,16). Релативно добри оцени од милијардерите Трамп добил за дерегулацијата (3,08) и за работата на канцеларијата за намалување на трошоците (2,96).