Данска укина верски празник, за да има повеќе пари за војска

Контроверзниот план на данската влада да се укине државното празнување на еден верски празник кој се одбележува со векови, беше повод за едни од ретките масовни демонстрации (50.000 народ) во земјата во која обично владее консензус по битните прашања. Сепак го донесоа. Во името на Украина, Русија и светиот НАТО.

Данскиот парламент го усвои контроверзниот закон за укинување на статусот државен празник  на „Денот на големата молитва,“ верски празник кој Данците го одбележуваат уште од 17-от век.

По неколкунеделни протести против овој владин план, 95 пратеници сепак гласаа за, а 68 биле против. Лево-десничарската владина коалиција на Данска, која на власт е од декември и е предводена од социјалдемократската премиерка Мете Фредериксен, плановите за укинување на верскиот празник ги најави како еден од првите потези. 

Мотивот е војната во Украина која сега се толкува како приоритено прашање. Целта е да се зголеми буџетот за одбрана до посакуваните НАТО стандарди од 2% од БДП и тоа до 2030, наместо до 2023 година, како што првично беше планирано.

„Не мислам дека е проблем ако работиме еден ден повеќе,“ изјави Фредериксен.

Откажувањето на празникот ќе обезбеди дополнителни три милијарди круни (427 милиони долари) во државната каса, благодарение на дополнителните 7,4 часа работа по работник.

На почетокот на февруари, околу 50.000 демонстранти се собраа пред парламентот во Копенхаген, ретка глетка во земјата во која обично владее консензус.

Празникот „Store Bededag“ им паѓа на четвртиот петок после Велигден. За празникот обично се прават земички за кои рецепт имате овде.

 

2 март 2023 - 16:01