
Џип треба да ги укине Чироки и Гранд Чироки брендовите, исто како што спортските клубови треба да престанат да корист имиња, маскоти и прекари од домородните Американци.
„Сигурен сум дека сето ова има добронамерни корени, меѓутоа не ни прави чест тоа што нашето име е испишано на автомобил,“ изјавил поглавицата Чак Хоскин.
Ова е прв пат Чироки нацијата да побара менување на името од појавата на Чироки моделот на Џип во 1970-те.
Ставот на Џип е дека името на возилото било внимателно одбрано „и негувано во текот на годините за да се оддаде чест и да се слави благородноста, јунаштвото и гордоста на домородниот американски народ.“ Меѓутоа портпаролката на компанијата не спомнала ништо околу тоа дали воопшто го разгледува менувањето на името на возилото.
Минатата година НФЛ клубот на Вашингтон ДЦ (под притисок од корпоративните спонзори) одлучи да се откаже од името „Редскинс“ (црвенокошци) и пропратната маскота од индијански поглавица. На сличен потег се реши и професионалниот бејзбол клуб Кливленд Индијанс.
„Мислам дека живееме во време во оваа држава кога дојде моментот и за корпорациите и за спортските тимови да се откажат од користењето на имиња, слики и маскоти со потекло од домородните Американци, на нивните производи, дресови и општо во спортот,“ порачал Хоскин.