Во книгата се објаснува дека најголемиот дел од богатствата од трговијата со робови се концентрирале кај неколку семејства, додека остатокот од државата ги плаќала сметките за дополнителното воено трошење и придружни трошоци.
„Профитите заработени од прекуокеанските активности биле доволно големи за енормно да се збогатат неколку поединци, меѓутоа не биле доволно големи за сериозно да влијаат на макроекономските приходи на Британија како стапка на инвестиции и оформување капитал,“ тврди авторот Кристиан Нимитц од Институтот за економски работи.
Неговата процена е дека британската трговијата со робови не била ништо поважна за британската економија отколку пример одгледувањето овци „а обично не слушаме тврдења дека одгледувањето овци ја финансираше индустриската револуција.“
Нимитц објаснува дека иако империјата донела одредена корист за британската економија, тоа било направено со неверојатни воени и административни трошоци кои ја збришале целата корист.
И покрај ваквиот исход за Британија, Нимитц пишува дека ефектот што колонизацијата и трговијата со робови ја имал врз жртвите од истото бил разорувачки, а резултатите од тоа уште траат.
„Колонијализмот и робовладетелството не беа нулта сума која беше во корист на колонизаторот на сметка на поробените. Тоа повеќе беше негативна нула која беше на штета на вторите без да им донесе корист на првите,“ пишува Нимитц.
Извештајот доаѓа во време кога се повеќе нации кои низ историјата биле поробени и експлоатирани од Британија, почнуваат да бараат отштета од поранешниот освојувач.
Наспроти нив се министри во актуелната влада на Британија кои порачуваат дека британското богатство не е изградено на империјализам.
Министерката за бизнис и трговија, Кеми Баденок, со цела своја сериозност порачува дека „британската генијалност и индустрија, поддржани од слободните пазари и либерални институции, беа погонот кој ја засили индустриската револуција и нашата модерна економија.“
„Ова се факторите на кои треба да се фокусираме, наместо да го обвинуваме Западот и колонијализмот за економските проблеми и да го спречуваме растот со погрешни политики,“ изјавува Баденок.
Во книгата Нимитц пишува дека низ историјата имало и високопрофитабилни колонизатори. Како пример за тоа ја наведува - Белгија.