Не се работи за ништо итно, а и двете страни, и тие за и тие против кандидатурата на Џонсон ќе имаат време да работат на своите аргументи до септември следната година, до кога трае мандатот на Јенс Столтенберг.
Џонсон прво ќе треба да се откаже од својот пратенички мандат во британскиот парламент, а потоа ќе треба да биде едногласно изгласан од сите членки на НАТО.
Подолго време се зборува дека наследникот на Столтенберг треба да биде Британец, главно заради недовербата што САД ја имаат околу кој било ЕУ функционер што би можел да дојде на позицијата.
Британија исто така ја има и довербата на Балтичките држави, посебно по постапките на Британија, наспроти оние на ЕУ, во спротивставување на Путин и Русија.
Сопартијците на Џонсон го јачаат поранешниот премиер со изјави од типот дека тој „го водел западниот одговор на Путин. Борис Џонсон беше тој што замина во Шведска и Финска и ги убеди лидерите на двете држави да аплицираат за членство во НАТО, што тие го направија.“
Наспроти нив е веројатноста од вето од Макрон, кој британските аналитичари проценуваат дека е малку веројатно да сака да го види Борис Џонсон на водечката позиција во НАТО, а за доаѓање на позицијата потребни се гласови од сите членки.
Што имаше Џонатан Пај да каже за повеќегодишното владеење на Борис Џонсон со Британија, тука.