Вол стрит журнал пишува дека средбата се случила во септември и дека Бин Салман „еруптирал“ во моментот кога Саливен почнал да зборува за атентатот од 2018.
Саудискиот принц во шорцеви го пречекал Саливан во една од неговите палати, со намера да има „релаксиран тон за првата средба со советникот на Бајден за национална безбедност.“
„36-годишниот престолонаследник на крај почнал да му се дере на Саливен, откако тој го покренал прашањето околу убиството од 2018 на саудискиот новинар Џамал Кашоги.
Принцот му кажал на Саливан дека никогаш повеќе не сака да разговара на таа тема изјавиле луѓе запознаени со разговорот. А му кажал и дека САД можат да заборават околу исполнување на барањето за зголемување на производството на нафта,“ пренесува Вол стрит.
Кашоги е Саудиец кој беше колумнист на Вашингтон пост, познат по своите критики на Саудиското кралство, пред да биде убиен, распарчен на делови и фрлен во црни вреќи во саудискиот конзулат во Истанбул на 2 октомври 2018. Кашоги бил во конзулатот за да ја собере потребната документација за неговиот претстоен брак.
Истрагата на ЦИА покажа дека токму Бин Салман бил директен нарачател на убиството на Кашоги.
Во февруари 2021, кратко по доаѓањето на власт, Бајден го објави официјалниот разузнавачки извештај во кој се заклучува дека убиството на Кашоги е нарачано од Бин Салман. Трамп речиси две години одбиваше да го објави извештајот од истрагата на ЦИА и останатите разузнавачки агенции.