Бајден и Обама имале заеднички ручек на почетокот од април, но не е соопштено кога точно двајцата зборувале за 2024.
Изворите што го пренесуваат ова објавуваат дека и покрај лошите рејтинзи, Бајден останува најверојатниот кандидат на Демократите што би можел да го порази Трамп (исто така најверојатниот кандидат на републиканците).
Токму оваа карактеристика беше клучна за поддршката што Бајден ја доби во 2020 во клучните гласачки локации.
Сегашниот катастрофален рејтинг на Бајден неговите очекуваат да се подобри на почетокот од следната година кога се прогнозира намалување на инфлацијата и враќање на Американците во нормален живот по пандемијата.
На страна идеологии, програма и рејтинг, главна тема околу одлуката на Бајден е што тој моментално има 79 години, а евентуалниот втор мандат би го почнал на 82 години и ќе му трае до 86 години.
Бајден и кога дојде на власт во САД, имаше 78 години и некој месец, со што беше постар од Реган кога си замина од власт на неполни 78 години.
Колку за споредба Мик Џегер е една година помлад од Бајден, па ене го уште на турнеи.