Американците ќе маршираат на Вашингтон

Десетици илјади луѓе се очекува да пристигнат во Вашингтон и да протестираат против Доналд Трамп и неговите политики кои според нив, во основа, ги поткопуваат правата на сите, освен на белите мажи што добро заработуваат.

Протестите под име „Народен марш на Вашингтон“ се закажани за 18 јануари, два дена пред инаугурацијата на Трамп, и се организирани од повеќе организации по најразлични теми.

Дозволата што е побарана за протестот гласи на 50.000 луѓе. Од денес од крајот на јануари се побарни повеќе од 10 дозволи за протестирање и собирање во Вашингтон.

Меѓу организаторите е и „Женскиот марш“ женска организација која настана како резултат на гнев што Трамп ја победи Хилари во 2016 и успеа да собере повеќе од еден милион луѓе на протести, што во Вашингтон, што низ земјата.

8 ноември 2024 - 14:36