Америка повлекува војска од клучно место во Полска

Американската војска соопшти дека почнала да „репозиционира“ луѓе и опрема од авио-базата  Јасионка во Полска. Варшава ја уверува домашната јавноста дека ваквиот потег не значи сигнал дека САД губат интерес за источното крило на НАТО но факт е дека Јасионка беше клучна точка за достава на оружје за Украиина.

Американците тврдат дека повлекувањето од Јасионка се должи на потребата да се рационализираат трошоците.

„После три години од американската база во Јасионка, ова е шанса вистински да го димензионираме нашето присуство и на американските даночни обврзници да им заштедиме десетици милиони долари годишно“, рече генералот Кристофер Донаху, командант на американската војска за Европа и Африка.

Привремената база во Јасионка беше подигната бргу по руската инвазија на Украина во 2022 година а нејзината позиција близу границата ја правеше идеално место за транспорт на воена опрема за Украина како и за евакуација на ранети украински војници во болници во Европа.

Базата и нејзината робусна инфраструктура која, меѓу другото, е штитена со противвоздушен одбрамбен систем Патриот, во иднина ќе ја менаџира Полска и сојузниците од НАТО.

Полскиот претседател Анджеј Дуда до неодамна тврдеше дека САД не само што ќе го одржат туку и ќе го зголемат своето воено присуство во централна и источна Европа.

Не територија на Полска има околу 10.000 луѓе на американската армија.

10 април 2025 - 13:46