Датумот за обнова на нуклеарниот арсенал е изненадување и за долгогодишните посматрачи кои стравуваат дека тоа може дополнително да ја влоши и онака опасната ситуација во Европа, пишува Политико.
Најавата дојде само неколку дена пред НАТО да ги започне своите редовни годишни нуклеарни вежби „Steadfast Noon“ во кои во две недели ќе бидат активирани 70 авиони. Истовремено и Русија одржува нуклеарни вежби во кој се симулира „масивен нуклеарен напад“ како одговор на нуклеарен напад врз Русија.
Ќе се потрошат околу 10 милијарди долари за замена на околу 100 нуклеарни бомби од серијата B61 кои се распоредени во воздушните бази во Германија, Италија, Холандија и Турција.
„Постарите Б61 се веќе таму и вршат работа. Новите бомби ќе бидат помодерни но нема да направат битна разлика. Претпоставувам дека овој потег е повеќе да се смират другите членки на НАТО кои се чувствуваат загрозени, отколку што тоа ќе им значи на Русите,“ вели Том Колина од еден фонд за разоружување.
Се работи за не-наведувачки, гравитациски бомби кои се пуштаат од авион.